Прирачници за превенција и справување со врсничко насилство

Врсничкото насилство е сериозен предизвик кој може да остави долгорочни последици врз развојот, самодовербата и благосостојбата на децата. Навременото препознавање на насилството и правилниот пристап во неговото надминување се од клучно значење за создавање безбедна и поддржувачка средина за секое дете.

Во рамки на кампањата „Крени глас – Стоп за булинг“, „Макпетрол“ ги изработи прирачниците за превенција и справување со врсничкото насилство, наменети за стручните служби во основните училишта. Прирачниците се подготвени од психологот Деспина Стојановска, врз основа на искуствата од директната работа со ученици и едукативните работилници реализирани во училиштата.

Материјалите се одобрени од Министерството за образование и наука и беа дистрибуирани до сите основни училишта во Македонија. Со цел да бидат достапни за поширок круг корисници – стручни лица, наставници, родители и сите кои сакаат подобро да го разберат проблемот со булингот – прирачниците се достапни и онлајн на платформата „Крени глас“.

На насилството треба веднаш да му се застане на патот – затоа што секоја навремена реакција може да направи разлика.