Вашата приватност е важна за нас. Политика на Њу Момент Њу Идеас Компани ДОО Скопје е да ја почитува вашата приватност и да се придржува до сите применливи закони и регулативи во врска со какви било лични податоци што можеме да ги собереме за вас, вклучително и преку нашата веб-страница: kreniglas.mk

Податоци што ги собираме

Испратените лични приказни ќе пристигнуваат анонимно, без притоа да ја добиеме e-mail адресата и останати лични информации на испраќачот.
Потоа ќе се објавуваат во делот „Раскажани приказни” и ќе се генерираат видеа со помош на вештачка интелигенција, без да се споменуваат доверливи информации, во случај да се споделени од страна на испраќачот.

Ако некој доброволно го открие своето име и презиме, тоа може да укаже на ниво на согласност тие информации да бидат јавно достапни или да се користат во одреден контекст.

Доколку ги оставите вашите податоци, се согласувате тие да бидат користени единствено за целите на кампањата.
Во овај случај ние не го повредуваме вашето право на доверливост.

Доколку ни дадете лични податоци, се согласувате дека  ќе ги собереме, чуваме, користиме и откриваме во согласност со оваа политика на приватност. Го задржувате правото да барате детали за какви било лични податоци што ги поседуваме за вас.

Ако добиеме лични податоци за вас од трета страна, ќе ги заштитиме како што е утврдено во оваа политика за приватност. Ако сте трета страна што дава лични податоци за некој друг, вие гарантирате дека имате согласност од тоа лице да ни ги дадете личните податоци. Личните податоци за трети страни нема да бидат јавно објавени и користени во каков било контекст.

Кога ја посетувате нашата веб-страница, нашите сервери не ги зачувуваат автоматски податоци обезбедени од вашиот веб-прелистувач.

Обработка на личните податоци преку социјалните мрежи, апликациите за инстант-пораки и виртуелните простории за разговор

Компанијата може да постави профили на социјалните мрежи (на пр., Линкдин/LinkedIn, Инстаграм/Instagram, Фејсбук/Facebook, Тикток/TikTok, Твитер/Twitter, итн.) или може да користи апликации за инстант-пораки (на пр., Вацап/WhatsApp, Фејсбук месинџер/FB Messenger, Вајбер/Viber, итн.) за комуникација. Социјалните мрежи и апликациите за инстант-пораки ни овозможуваат да ја промовираме нашата страна и да обезбедиме поддршка за корисниците.. Во тој случај, Компанијата може да биде одговорна за заштитата на личните податоци што корисниците ги споделуваат со Компанијата преку претходно наведените медиуми, а во исто време, испорачувачот на одделните медиуми е одговорен и за обработката на податоците што тој ја изведува на тие медиуми, па затоа корисниците се советуваат да се запознаат со политиката за приватност на конкретните медиуми.

Доколку го посетите профилот на „Крени глас” на  одредена социјална мрежа или воспоставите комуникација преку апликации за инстант-пораки, би можеле да ги обработиме следните податоци:

  • ако сакате да споделите објава, да го означите профилот на „Крени глас“ или да коментирате, добиваме пристап до вашиот јавен профил и до содржината на вашата објава
  • ако ни пратите приватна порака на одредена социјална мрежа или преку апликација за инстант-пораки, добиваме информации за вашиот јавен профил или информации за контакт и информации за содржината на пратената порака

Кога би комуницирале преку социјалните мрежи, преку апликациите за инстант-пораки и виртуелните простории за разговор, би ги обработувале следните податоци за вас:

  • јавниот профил на едно лице на социјалната мрежа и содржината на објавата
  • контакт-информации за лицето во апликацијата за инстант-пораки
  • другите податоци кои би ни ги доставиле во текот на комуникацијата

          Целта и основите за обработка на вашите лични податоци се претставени со напорите за промоција на „Крени глас“ и воспоставување комуникација со корисниците на социјалните мрежи или преку апликациите за инстант-пораки. Може да ве контактираме само врз основа на ваша согласност, но можеме да одговориме на вашето барање врз основа на нашиот легитимен интерес, обезбедувајќи информации поврзани со „Крени глас“.

          Период на обработка – Вашите лични податоци што ние ги чуваме ќе бидат автоматски избришани по една (1) година од почетокот на одвивањето на комуникацијата или порано, доколку побарате повлекување на вашата согласност. Доколку ја повлечете вашата согласност, податоците ќе престанат да се чуваат во рок од еден (1) месец од добивањето на барањето за повлекување на согласноста, при што во тој временски период сè уште можеме да ги обработуваме вашите лични податоци.

          Што ќе се случи доколку не ги ставите на располагање вашите лични податоци?
Без да ги ставите на располагање вашите лични податоци, вие не би можеле да комуницирате со нас преку претходнонаведените медиуми, а ние не би можеле да ви одговориме.

Кои се вашите права:

Право на пристап – Субјектите на лични податоци имаат право да добијат потврда од Њу Момент дали се обработуваат нивните лични податоци и доколку се обработуваат имаат право да добијат информации во согласност со правото на информирање.

– Право на исправка или дополнување – Субјектите на личните податоци имаат право на исправка на нивните неточни лични податоци.

– Право на бришење на податоците – Субјектите на личните податоци имаат право да побараат од Њу Момент да ги избрише податоците.

При бришење на личните податоци, Њу Момент води сметка тие да се избришат и од страна на третите страни со кои Њу Момент соработува, а кои ги обработуваат тие податоци.

– Право на ограничување на обработката – Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од Њу Момент да ја ограничи обработката на нивните лични податоци, доколку се исполнети условите во согласност со Законот за заштита на личните податоци вклучително и под услов обработката да не е повеќе неопходна за усогласување со законската обврска која бара обработка според закон што се применува во однос на Њу Момент.

– Право на приговор – Субјектите на личните податоци имаат право да поднесат приговор до Њу Момент во секое време, врз основа на конкретна ситуација поврзана со нив, кога обработката на нивните лични податоци се заснова врз основа на легитимниот интерес на Њу Момент или трето лице или јавниот интерес вклучувајќи и профилирање засновано на овие основи.

Напоменуваме дека Барањето за остварување на правата е достапно на следниот линк

Потребно е да го испечатите, пополните и своерачно да го потпишете, и да го испратите на следната е-адресата: [email protected] со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“.