ПРИКАЗНИТЕ ПРИКАЖАНИ ПОДОЛУ СЕ ВИСТИНИТИ, НО ВО ИНТЕРЕС НА АНОНИМНОСТА – ИМИЊАТА СЕ ИЗМИСЛЕНИ

Раскажани приказни

БРАНКА

Сакам да ја споделам со моите врсници мојата лична приказна како жртва на врсничко насилство кое го трпев неколку години.

Прочитај повеќе

ТОШЕ

Секој ден доживувам секакво насилство од моите врсници. Во групата на инстаграм од нашиот клас ме навррдуваат со погрдни зборови секогаш кога ќе прашам нешто.

Прочитај повеќе

ДАЛИБОР

Имам 14 години и сум ученик во основно училиште. Често пелтечам и моите врсници ме исмеваат.

Прочитај повеќе

АЊА

Моментално имам 19 год. Мојата приказна е од пред неколку години кога уште бев во основно. Бев мета на децата кои не се дружеа со мене, но сепак си имав една-две другарки.

Прочитај повеќе

САШКА

Во моето училиште не се чуствувам безбедно,бидејќи има две девојчиња сестри ко секојдневно ме задеваат.

Прочитај повеќе

Теодора

Јас многу сакам да пеам и моите дома исто го сакаат тоа. Почнав да одам во ново училиште и ѝ се искажав на мојата учителка, но таа само ме исмеа и ми рече: „Не си посебна.”

Прочитај повеќе

Емилија

Отсекогаш сакав да пишувам песни, тоа беше нештото кое ми помагаше да ги изразам своите чувства.

Прочитај повеќе

Натали

Пред некое време се почувствував многу осамено, бидејки моите другарки ме избегнуваа.

Прочитај повеќе

Горазд

Сакам да се созададе некоја група од млади која што ќе ги поддржи тие што се чуствуваат осамени и бараат припадност за дружба. Јас така се чувствувам и сакам јас и таквите како мене заедно да се дружиме и заедно да си помогнеме.

Зоран

Имам син кој е петто одделение и é жртва на врсничко насилство. Постојано е навредуван и исмеван поради тоа што пелтечи, за тоа како трчал, дека не знаел да игра фудбал и сето тоа се случува од страна на три исти соученици со кои учи заедно уште од прво одделение.

Прочитај повеќе

Томислав

Еден ден кога возев ролерки отидов да се видам со мојот другар. Тој почна да ми се смее и ми кажа дека само девојчиња носеле ролерки.

Прочитај повеќе

Ирена

Моето дете се вика Петар и има 13 години. Тој беше постојано малтретиран од своите соученици кои го исмејуваа и буткаа на часот по физичко, му го уништуваа училишниот прибор и слично.

Прочитај повеќе

Ангела

Во петто одделение се дружев со две девојчиња. Еден ден, додека одевме накај дома, без никаква причина, почнаа да ме тепаат и ме турнаа во контејнер.

Прочитај повеќе

Дејан

Еден ден додека јадев симит на голем одмор, група деца од страна ме сликаа со мобилен и ме навредуваа. Ме задеваа поради мојата килажа и фрлаа со камења накај мене.

Прочитај повеќе

Ивона

Многу деца во училиште ме задеваат, пцујат и повредуваат. Сѐ почна во прво одделение.

Прочитај повеќе

Мартина

Имав другарка на која ѝ кажав моја тајна. Таа ја раскажа тајната на другите деца во училиштето иако се заколна дека нема да го направи тоа. Сите деца почнаа да ми се смеат и да ме нарекуваат со погрдни зборови.

Прочитај повеќе

Фросина

Јас сум жртва на булинг. Секој ден сите во училиште ми се потсмеваат бидејќи носам очила и не можам да гледам без нив. Ме туркаат низ ходниците и ме навредуваат.

Прочитај повеќе

Марија

Додека бев во основно училиште, децата ми велеа бубалица со тон на исмејување, кога ќе станев да одговарам пред табла ме маваа со листови хартија, ми дофрлаа зајадливи коментари за мојот физички изглед зад грб и се смееа, болеше затоа што беше доволно гласно да ги слушнам.

Прочитај повеќе

Билјана

Јас сум ученичка во основно училиште и секој ден сум жртва на булинг.

Прочитај повеќе

Весна

Во средно училиште бев исмевана од страна на соученичка бидејќи не се облекував според последна мода.

Прочитај повеќе

Виолета

Мојата приказна е од моето детство. Мојот були сега е доктор, меѓутоа беше најагресивно дете кога растевме – особено кон девојчињата.

Прочитај повеќе

Зоран

Бев во училиште и сакав да одам до тоалет. Сретнав едно дете кое беше 9-то одделение, тој почна со погрдни зборови да ме напаѓа и да ме мава по глава.

Прочитај повеќе

Дејан

Здраво, веќе со години училиштето каде што учи моето дете, не презема мерки за прекин на булингот на деца кое го прави нивни соученик.

Прочитај повеќе

Мила

Често девојчињата од моето одделение ме задеваат дека не знам да играм одбојка. Секој час по физичко ми се смеаа што не можев да ја префрлам топката преку мрежа со прсти.

Прочитај повеќе

Тања

Јас сум ученичка во 9-то одделение во едно основно училиште во Скопје. Веќе 4 години сум жртва на врсничко насилство (булинг) од мои соученици. За жал, директорката и педагогот од училиштето не преземаат никакви апсолутни мерки да ме заштитат, туку напротив ги поддржуваат сторителите на ова дело. 🙁

Христина

Бев дете од 12 години кога нашите родители нѐ префрлија во друго училиште. Во тоа училиште претежно учеа деца на газди и врсниците ги гледаа од високо.

Прочитај повеќе

Софија

Во основно училиште често бев предмет на потсмев поради моите криви заби. Ме нарекуваа со лоши прекари (забите ми биле како на Роналдињо), ме прозиваа и ме навредуваа пред сите деца во одделението, пред останатите ученици од училиштето за време на големиот одмор.

Прочитај повеќе

Илија

Се префрлив во друго училиште кога бев трето одделение. Наместо да бидам прифатен, тие моменти беа најтешки за мене бидејќи наидов на исмевање.

Прочитај повеќе

Драган

Моето дете е исмејувано во училиште бидејќи не ја разбира наставничката што зборува (недостиг на фонд на зборови на македонски, зборува англиски), поради неговото OCD кое го доби како последица од пандемијата со корона вирусот.

Прочитај повеќе

Горан

Како тинејџер, средношколските денови што би требало да преставуваат најубави и незаборавни години на една личност, мене ми беа најтешки.

Прочитај повеќе

Никола

Се почна минатата година.

Бев навредуван, малтретиран секој божји ден.

Прочитај повеќе

Цеце

Јас сум моментално во основно училиште.

Уште сега уште сум жртва на булинг, како и неколку други од моето одделение. Во минатото тоа ми беше голем проблем. Но, сега убаво се справувам со тоа.

Прочитај повеќе

Гого

Во мојата зграда живееше едно семејство на поранешен директор на фабриката во која работеше мојот татко.

Директорот и жена му постојано доаѓаа кај нас на гости.

Прочитај повеќе

Моника

Ова не е моја приказна. Се работи за другарка на мојата ќерка.

Таа беше мило, воспитано, културно и интилегентно девојче.

Исто како и мене, таа отсекогаш беше крупна, полничка.

Прочитај повеќе

Гораст

Пред многу години, во моето основно училиште беше организиран проект за разрешување конфликти.

Со почетокот на наставата, започна и грозоморно изживување од повеќе соученици.

Сеуште не ми е јасно што правев, зашто им пречев и што ги тераше да се однесуваат така.

Прочитај повеќе

Теона

Бев основно одделение. Во мојот клас учеа деца на родители со повисоки функции, барем така кажуваа дека тие се ”богати”. Но ете јас не бев дете на такви родители. За физичкиот изглед никогаш не сакав да осудувам некој, но мене ме осудуваа. Природно имав поголеми усни. Во тоа бев различна од останатите. Децата од мојот клас ме исмејуваа за тоа. „Бегајте Теона ќе не изеде, бегајте ќе не лапне!“.

Прочитај повеќе

Нина

Јас сум девојка со хемипареза и учев во посебно училиште. Благодарение на тоа училиште сум тоа што сум, мојот карактер и особини, добра, паметна, позитивна итн. Бев одлична ученичка мирна и повлечена и за да не тагувам по родителите, утехата ја најдов во музиката и спортот. Истовремено учествував во сите можни натпревари, но желбата да бидам покрај моите родители беше се посилна и поодлучна иако моето место не беше покрај нив бидејќи стално имаше тепање, полиции и милион стресови. Мајка ми со психички проблеми, татко ми во години.

Прочитај повеќе

Тамара

Кога учев во основно училиште, бев доста амбициозен ученик и си ги исполнував обврските секогаш на време. Многу учев бидејќи си имав некоја цел и сакав да ја исполнам. Поради тоа, честопати бев именувана како бубалица, тегли (бидејќи носев очила), ме исмеваа бидејќи знаеја дека ако се повеќе ќе ме “скршат ”со исмевањето бидејќи бев срамежлива и доста чувствителна. Генерално навреди доаѓаа од сите страни, но една група особено се истакна во булингот.

Прочитај повеќе

Лина

Ех да би било сé лесно не би постоеле зборовите како тешко, разочарувачки, безнадежно, без воља… Е тоа баш мене ми се случува. Сé ми е како да сум стигнала до некој крај без цел, се чувствувам празно изнемоштено, мислејќи дека за сé сум винона јас и ако не знам дали сум или можеби луѓето со кои сум била биле токсични немам одговор. Можеби и никогаш нема да го добијам додека сама се обвинувам за сé…

Прочитај повеќе

Елизабета

Мојата внука има седум години и оди во второ одделение. Во нејзиниот клас има еден ученик Лео кој не трпи неправда и бурно реагира доколку го закачаат. Учителките го декларираат како немирно дете а учениците го имаат сфатено тоа дека детето реагира на провокации и секојдневно го задеваат.

Прочитај повеќе

Теона

Кога учев во основно училиште, бев доста амбициозен ученик и си ги исполнував обврските секогаш на време. Многу учев бидејќи си имав некоја цел и сакав да ја исполнам. Поради тоа, чиниш е нешто лошо, честопати бев имејувана како бубалица, тегли (бидејќи носев очила), ме исмеваа бидејќи знаеја дека ако се повеќе ќе ме “скршат ”со исмевањето бидејќи бев срамежлива и доста чувствителна.

Прочитај повеќе

Стејси

Како стручно лице кое што веќе неколку години се занимава со специјална едукација, а воедно и семејна системска психотерапија ќе ви раскажам приказна од деновите кога јас студирав.

Прочитај повеќе

Дарко

Кога започна сé бев 4-то одделение. Прво почнаа со манипулации, лажење дека нештото сторено беше од мене, а не од нив.

Прочитај повеќе

Филип

Беше декември 2019 година пред пандемијата од корона вирусот. Бев осмо одделение и во мојот клас имаше мој соученик од кој што во повеќето наврати бев исмејуван заради моето однесување, а исто така од негова страна бев и омаловажуван. Дури на крај надвор од училиштето бев и физички нападнат (удирање по раце, нозе и во пределот на стомакот) исто поради моето однесување, а и до ден денес незнам во што беше проблемот, бидејќи не ми кажа.

Прочитај повеќе

Давид

Дете малтретирано цел живот.

Прочитај повеќе

Ненад

Во основно школо скоро цел клас ми се измеваше бидејки имав проблем со говорот. Ме нарекуваа ментално заостанат, сите се смееа, ме удираа и девојчињата намерно ме провоцираа да им кренам глас или да ги удрам со цел – машките да ме удираат и тоа траеше со години.

Прочитај повеќе

Вики

Јас сум родител на 17-годишна ќерка која е малтретирана од своите врсници поттикнати од нивна соученичка. Истото девојче, на мојата ќерка и земаше сè и сешто, од пари до гардероба и останати работи.

Прочитај повеќе

Олга

Целата приказна со проблемот на мојата ќерка започна уште во прво одделение. Како самохран родител, не можам секогаш да ѝ купувам нови алишта. Мојата пријателка која има поголеми дечиња, ни ја даваше нивната сочувана гардероба.

Прочитај повеќе

Тина

Во основно училиште учев со девојче, чии родители работеа во странство. Тоа девојче секогаш беше убаво облечено и се гледаше дека има пари. За разлика од неа, јас бев дете од сиромашно семејство – бевме повеќе деца а само татко ми работеше.

Прочитај повеќе

Лејла

Мојата приказна е малце подолга. Имав проблеми со говорот. Поточно како мала многу дткав. Благодарение на свесноста на моите родители, навремено сум носена на терапевт (логопед) и сега дткам само пред нова група на луѓе или пред јавен настан додека не стекнам комфорт зона.

Прочитај повеќе

Бјанка

Секогаш сум сакала да се дружам. Секогаш сум сакала да бидам опкружена со деца, со свои врсници. Сум сакала да делам играчки, храна, боенки, цртежи. Сè, само да не бидам сама. Во маало сме се дружеле. Едвај чекав да почнам во школо, за да запознаам нови другарчиња.

Прочитај повеќе

Деа

Непосредно пред да почнам во средно училиште моето друштво се „распадна“. Како дете кое беше живо и самоуверено, многу трагично го доживеав тоа и самодовербата ми се разниша. Првите форми на врсничко насилство ги доживеав токму на летување таа година кога за прв пат решив да одам на одмор сама со организирана младинска група.

Прочитај повеќе

Игор

Веќе подолго време трпам врсничко насилство. Постојано ме навредуваат одредени ученици, ме удираат, ми ги фрлаат книгите, кажуваат навредливи зборови .

Прочитај повеќе

Олга

Затоа што сакав да удоволам на сите, често во основно бев мета на силни врсничко вербално насилство.

Прочитај повеќе

Иван

Без разлика на тоа што веќе поминаа повеќе години од моето матурирање некои зборови никогаш не се забораваат. Децата треба да се дружат и да си помагаат знаејќи ги слабостите на другите и да се трудат да бидат подобри еден кон друг.

Прочитај повеќе

Емилија

Секоја чест за вашата кампања 👏

Мојата ќерка го почувствува врсничкото насилство уште кога одеше во градинка. Бидејќи е дете со еден родител, добиваше прашања од ,,врсничка” – како може сите да имат татко а ти не, како тебе мајка ти те родила, мајка ти е глупава, немате пари и слично. Ги наведуваше другарчињата да не се дружат со ќерка ми, а на моменти имаше и физичко насилство. Целиот тој проблем траеше неколку месеци, сѐ додека не реагирав кај директорката и имаше подобрување.

P.S. Се надевам дека после оваа кампања ке има се помалку вакви приказни.

Со почит❤️

Александра

Јас сум девојче кое учи во основно училиште. Во изминатиот период јас сум таргет на булинг од повеќето деца од моето опкружување. Повозрасните ми рекоа дека тоа е поради фактот што сум поинаква. Јас, за разлика од другите, сум многу религиозна, многу ја сакам црната и кафената боја, имам проблеми со срцето, а и исто така многу од наставниците и родилите на другите деца ми рекоа дека сум поразлична од другите затоа што размислувам повозрасно од повеќето што се на моја возраст.

Прочитај повеќе

Стефанија

Во основно цели четири години трпев вербално насилство во облик на исмевање, не само од ученици од мојот клас, туку на ниво на генерација. Бев одличен ученик и константно бев мета на исмевање и омаловажување, како да се трудеа да докажат дека не сум така добра во сѐ. Се однесуваа со мене како да немам право на ништо, како јас едноставно да не знам ништо друго освен да учам. Развив социјална анксиозност поради целата ситуација, не сакав да одам на училиште, секогаш пред училиште ме болеше стомакот, ми се гадеше и повраќав.

Прочитај повеќе

 

Теа

Јас сум девојче од 14 години, ученик во основно училиште. Како жртва на булинг 5 години се соочувам со психичко и физичко насилство од учениците од мојата генерација секој ден. Примам закани со ножеви, недолични и срамни работи, дека сум грда, дебела и така натаму. Не разбирам зошто ми прават вака, ама се надевам дека ќе престане скоро. Ве молам, кој и да го чита ова, многу мака мачам со булинг. Па како може ова да престане??? 🥺

Срна

Уште од мала бев исмевана поради мојот родител, кој има здраствени проблеми, од моите врсници во училиштето. Наставничката исто така ме гледаше на друг начин за разика од другите деца и се чувствуваше дека не ме сака, иако бев добра ученичка.

Прочитај повеќе

 

Емил

Пишувам за малтретирано дете (кое е многу тивко и повлечено) од страна на соученик во средно училиште. Го сопнува, па му се потсмева, го брка од столчето каде што седи, за да седне тој и слично. Ова се само два случаја кои мирното дете едвај ги кажа. Што да правиме?

Маре

Ќерка ми која е 2 одделение, цело време од соучениците е навредувана дека е дебела, дека е свиња и дека не е убава!
Еве, цело време збори како нема да јаде за да ослабе!

Виктор

Кога почнав во училиште, мислев ќе запознаам нови другари. Наместо тоа, децата не ме прифатија, не дозволуваа да играм со нив фудбал и постојано ме навредуваа. На крајот од училишната година, на сред час ме истепаа. Учителката на моите им рече дека сѐ се случило брзо и ништо не видела, а дека и јас не сум бил цвеќе за мирисање. Сум бил голем закачко. Со денови плачев и на моите им реков дека сакам да ме отпишат од училиште.

Симона

Уште од малечка моите соученици ме исмеваа поради моето презиме, секогаш кога ке ме прочиташе наставникот за да одговарам имаше разни дофрлања од страна, се чувствував многу лошо, со тек на време станав тивка и повлечена во себе.

Петар

Од првиот ден во школо, некои деца ми се потсмеваа затоа што носев очила. Ме туркаа и ме викаа со грди зборови. Заради тоа бев тажен и осамен. Често доаѓав дома со плачење и не сакав следниот ден да одам во школо. Не разбирав зошто се толку злобни со мене.

Филип

Кога тргнав во школо, мислев дека сѐ ќе биде супер, ама не беше. Некои деца почнаа да ме малтретираат затоа што не знаев да кажам „р“. Ме имитираат и ми се смееја за тоа како зборував. Ми беше срам, не сакав повеќе да зборувам.

Сара

На одмор, некои деца ме исклучуваа и се исмејуваа со мојата облека. Шепкаа и покажуваа кон мене и правеа да се чувствувам како аутсајдер. Се чувствував како да сум невидлива, како никому да не му е гајле за мене. Поголемиот дел од времето го поминував сама и посакував некој да разбере колку ме боли.

Емилија

Бев многу возбудена за одење на училиште додека не започна малтретирањето. Другите деца се потсмеваа со мојата коса. Ме тегнеа за коса и ми се смееја. Тоа ме натера да се чувствувам лошо и почнав да си ја мразам косата. Посакував да можам да променам нешто кај себе за да ги натерам да престанат.

Марко

Кога се приклучив на школскиот фудбалски тим, мислев дека ќе се дружиме. Наместо тоа, некои од децата ме малтретираа затоа што не бев толку добар како нив. Ме сопнуваа за време на тренинзите и ми се смееја кога правев грешки. Тоа ме натера да се чувствувам како да не припаѓам во тимот. Престанав да уживам во нешто што го сакам поради нивното однесување.

Викторија

Кога почнав да одам во средно училиште, некои деца во моето одделение секогаш ме напаѓаа поради мојата љубов кон уметноста. Ми ги кинеа цртежите и ми викаа дека се глупави. Ме натераа да се чувствувам како мојата страст да е безвредна. Тоа ме болеше, затоа што уметноста беше мојот начин на изразување и наоѓање радост. Посакував да ја видат убавината во креативноста.

Елена

Сакав да читам книги, ама некои деца во моето одделение ми ги кинеа страниците и кажуваа лоши работи за мојата страст за читање. Ме викаа „бубалица“ и рекоа дека не е кул. Ме натера да ја кријам љубовта кон книгите и да се преправам дека ме интересираат работи за кои не ми е гајле. Само за да се вклопам.

Доколку имаш своја приказна која сакаш да ја раскажеш кликни ТУКА.