Марија и Ивана секој ден го поминуваа заедно во дружба, игра и забава. Сите ги знаеја како неразделни другарки. Еден ден, имајќи комплетна доверба во својата другарка, Марија сподели тајна со Ивана. После неколку дена, стана јасно дека други деца од училиштето ја дознале нејзината тајна…
Најпознатото друштво во училиштето беа Мартин, Анастасија и Ана. Додека Мартин и Анастасија отсекогаш беа популарни и самоуверени, Ана беше срамежлива, скромна и интровертна девојка…
Софија, Матеа и Бојан беа неразделно друштво, на чело со Софија како една од најпопуларните девојки во училиштето.
Еден ден кога имаа тест по математика, Софија пред часот го замоли Бојан да го реши и нејзинот тест. Тој се согласи, но не беше свесен дека тестот ќе биде претежок и дека нема да има време да го реши и нејзиниот…
Филип беше едно од најинтелигентните момчиња во неговото училиште. Со сите петки и многу освоени награди на различни натпревари. Но, истовремено беше и многу срамежлив и понекогаш при зборување, пелтечеше. Неговиот соученик Никола, често го исмеваше заради тоа…