Приказна 2. Друштво

Мартин – Харизматичен, опуштен и кул дечко со потреба да биде центар на внимание.

Анастасија – Самоуверена, популарна девојка. Обожава кога сите ја слушаат.

Ана – Кротко, убаво девојче кое живее само со нејзината мајка после разводот на бракот на родителите. Сака да поминува време со своето друштво.

Најпознатото друштво во училиштето беа Мартин, Анастасија и Ана.

Додека Мартин и Анастасија отсекогаш беа популарни и самоуверени, Ана беше срамежлива, скромна и интровертна девојка.

Со тек на време, однесувањето на Мартин и Анастасија почна значително да се менува. Сакаа да бидат центар на вниманието, а тоа го постигнуваа со понижување на останатите. За жал, еден ден Ана стана нивната следна цел и покрај долгогодишното другарување.

Уживаа да ја омаловажуваат и исмејуваат пред другите и да прават да се чувствува безвредно. Лесно им беше поради тоа што ја познаваа со години и ги знаеја нејзините тајни.

Почна со ситни шеги и закачки, но набрзо се претвори во врсничко насилство.

Ана секој ден чекореше низ училишните ходници со наведната глава, засрамена, очајна бидејќи ја исмеваа за нејзината облека, коса, музиката што ја слуша или затоа што татко и не живее со нив.

Ана се изолираше, постојано беше тажна и ја загуби самодовербата. Нејзините оценки се влошија, дури и престана да црта, што и беше омилено хоби. Се чувствуваше сосема сама и напуштена.

Доколку оваа приказна ти е интересна, продолжи кон квизот со клик тука.

Доколку сакаш да прочиташ некоја друга приказна, избери од долунаведените.

Приказна 1. Тајна