Приказна 4. Час по врсничко насилство

Филип – Одговорен ученик, мирен и срамежлив. Има говорна маана.

Никола – Хиперактивен и понекогаш агресивен, со години бил малтретиран од неговиот постар брат.

Филип беше едно од најинтелигентните момчиња во неговото училиште. Со сите петки и многу освоени награди на различни натпревари. Но, истовремено беше и многу срамежлив и понекогаш при зборување, пелтечеше. Неговиот соученик Никола, често го исмеваше заради тоа.

Еден ден на часот по англиски јазик секој од учениците требаше да стане и да зборува за своето омилено хоби. Кога дојде редот на Филип да зборува, Никола самоуверено го прекина, имитирајќи го неговото пелтечење.

Сите ученици се смееја. Професорката ги искара и успеа да ги прекине скоро сите, но не и Никола. Додека Филип се обидуваше со сите сили да одговори на прашањето без да дтка, Никола скришно го снимаше со мобилен телефон и снимката ја објави на социјалните мрежи.

Сите соученици на видеото пишуваа погрдни коментари како: дткачот, види го глуп не знае две реченици да склопи, смотан, неписмен и друго.

По часот, Филип го виде видеото и ги прочита сите тие исмевања и навреди. Се чувствуваше скршено и затоа веднаш си замина дома.

Наредните денови тој одбиваше да оди на училиште. Цело време лежеше во кревет и одбиваше да зборува.

Доколку оваа приказна ти е интересна, продолжи кон квизот со клик тука.

Доколку сакаш да прочиташ некоја друга приказна, избери од долунаведените.