Приказна 3. Вистинско другарство
Бојан – Дружељубив и комуникативен, заљубен во Матеа.
Софија – Најпопуларната девојка во училиштето, живее само со мајка после разводот на бракот на родителите.
Матеа – Шармантна девојка, најдобра другарка на Софија.
Софија, Матеа и Бојан беа неразделно друштво, на чело со Софија како една од најпопуларните девојки во училиштето.
Еден ден кога имаа тест по математика, Софија пред часот го замоли Бојан да го реши и нејзинот тест. Тој се согласи, но не беше свесен дека тестот ќе биде претежок и дека нема да има време да го реши и нејзиниот.
Откако часот заврши, а Бојан не успеа да го реши тестот на Софија, таа се чуствуваше излажано и навредено, иако немаше реална причина за тоа.
Знаеше дека му се допаѓа Матеа, и одлучи да го искористи тоа за да му врати. Се договори со Матеа, таа да се допишува со Бојан некое време, да го излаже дека тој ѝ се допаѓа, да го покани да излезат и на крајот да не се појави. Матеа прифати без да размислува како ќе се почувствува Бојан.
Вечерта кога требаше да се сретнат, Бојан ја чекаше многу долго време и беше загрижен да не ѝ се случило нешто. Повеќе пати ѝ ѕвонеше на телефон, но не доби одговор.
Утредента на училиште двете го игнорираа, се однесуваа како да не постои. Бојан беше збунет и не му беше јасно зошто се случува сето тоа.
Ова однесување од страна на Софија и Матеа сѐ почесто се повторуваше. Го игнорираа, го оговараа и го исмеваа пред други. Сите во класот прекинаа да се дружат со Бојан.
На Бојан му беше срам да признае што се случува, затоа за сето ова не зборуваше со никој. Ниту со родителите, ниту со професорите. Бојан не зборуваше, а тие не приметуваа.
Доколку оваа приказна ти е интересна, продолжи кон квизот со клик тука.
Доколку сакаш да прочиташ некоја друга приказна, избери од долунаведените.