Приказна 1. Тајна

Марија – Мирно девојче со големо срце кое е случајна жртва на исмевање и булинг.

Ивана – Зборлесто, љубопитно девојче. Често сака да прераскажува случки и настани.

Марија и Ивана секој ден го поминуваа заедно во дружба, игра и забава. Сите ги знаеја како неразделни другарки.

Еден ден, имајќи комплетна доверба во својата другарка, Марија сподели тајна со Ивана. После неколку дена, стана јасно дека други деца од училиштето ја дознале нејзината тајна.

Сите почнаа да се исмејуваат со Марија, да ја нарекуваат со погрдни зборови и да ѝ се смеат позади грб. Ивана не признаваше дека таа ја издала тајната. Без разлика на сѐ, штетата беше направена.

Со тек на време, малтретирањето прекина. Ивана ѝ се извини на Марија, која верувајќи на својата другарка, го прифати извинувањето со надеж дека е од срце. Покрај сѐ, тоа не беше крајот. Исмејувањето и понижувањата продолжија на социјалните мрежи, посебно на Инстаграм и Фејсбук. После неколку недели, Марија ги избриша своите профили.

Плачеше пред спиење, и престана да излегува од дома и се изолираше. Само пишуваше домашно и гледаше телевизија. Нејзините родители не знаеја за што се работи, бидејќи таа се срамеше да разговара со нив за проблемите што ја мачат.

Секој ден на школо беше сѐ потежок за Марија. Исмејувањата не прекинуваа. Ивана воопшто не комуницираше со Марија, но не учествуваше во исмејувањето.

Доколку оваа приказна ти е интересна, продолжи кон квизот со клик тука.

Доколку сакаш да прочиташ некоја друга приказна, избери од долунаведените.