Драги деца, родители, млади, стари, учители, педагози и сите останати кои веруваат во поубаво и побезбедно општество.
На 17 мај (сабота), ве очекуваме во Градскиот парк, на Школка, заедно да кренеме глас против булингот.
Подгответе се за еден ден исполнет со забава, музика, креативност и позитивна енергија!
Со нас ќе бидат ДЈ Боно, Пајак, Лара, 5+ фамилијата, децата од актерската школа на Весна Петрушевска, како и омилениот Сашко Коцев.
🎹 Музика, 🎤 настапи, 🎲 игри и уште многу изненадувања!
📅 Кога: 17 мај 2025 (сабота)
🌏 Каде: Градски парк – Школка
🕚 Во колку: Почеток во 11:00 часот
Да кренеме глас против врсничко насилство!
Се гледаме таму!