ПРИКАЗНИТЕ ПРИКАЖАНИ ПОДОЛУ СЕ ВИСТИНИТИ, НО ВО ИНТЕРЕС НА АНОНИМНОСТА – ИМИЊАТА СЕ ИЗМИСЛЕНИ
Раскажани приказни
ВИОЛЕТА
Значи вака во 6то одделение почнаа да ме викаат Дора бидејќи имав кратка коса јас на тоа им враќав и кога ќе се вратев дома плачев.
ЃОРЃИ
И јас се чувстувам осамено како Филип од приказната. Сите ме исмејуваат во училиште и никој не сака со мене многу да се дружи.
МИЛЕНА
Сакам да ја споделам со моите врсници мојата лична приказна како жртва на врсничко насилство кое го трпев неколку години.
ВЕРА
Во петто одделение имав еден многу убав дуксер кој го носев секој ден но еден ден, една соученичка ми рече: ,,Изгледаш на секта во тој гаден црн дуксер”.
ЕМИНЕ
Секогаш кога ќе играме некоја игра, почнаа да се шират руморите/озборувањата.
БОЈАН
Во четвртокот бев претепан со поксови во пределот на окото, од дете кое учи со мене во исти клас.
ЕМИ
Ние сме од друга држава преселени во Македонија. Мојот син е многу малтретиран од член на стручната служба од училиштето.
ИГОР
Булингот во мојот случај започна во октомври, но значително се засили во второто полугодие. Добивам секакви навреди за мојата сексуална ориентација и бојата на кожа.
ЗОРИЦА
Кога бев средношколка, многу девојчиња ме навредуваа и нарекуваа со погрдни зборови бидејќи бев убава и на момчињата им се допаѓав.
ТОНИ
Мене сите ми се смеа за што сум слаб и сите се насилни кон мене. Кажав на наставници, деца, родители и на најблиските од моето семејство, но ништо не прават.
Веќе воопшто не сакам да одам на училиште.
НАДА
Едно дете од соседната зграда секогаш беше исмејувано поради облеката, физичкиот изглед, слабите оцени и многу други работи.
ДАНИЕЛ
Прво, едно големо браво за оваа иницијатива да се отвори интернет страница токму на оваа тема која може многу да придонесе некои работи заеднички да ги промениме на подобро.
МАТЕЈ
Пишувам како родител кој е огорчен од тоа што се случува во училиштата во однос на булингот. Моето дете трпи булинг во школото во кое учи конкретно од еден ученик кој делегира моќ.
ДАМЈАН
Јас сум родител на дете кое трпи булинг…Моето дете има 12год. Танчер, музичар, уметник.
БОБАН
Кога бев во основно училиште често бев малтретирана од страна на мои врсници и од страна на наставничката, не смеев да кажам дома за малтретирањето за тоа што ми се закануваа ми велеа дека ќе ме убијат ако им кажам на родителите за врсничкото насилство, се плашев од сите, сите деца ме избегнуваа ми го фрлаа јадењето ме малтретираа.
ЛУКА
Зошто само со раскажување, ајде јавно и да се даде до знаење на секој родител или дете дека ќе биде казнет и да биде испратено на советување, бидејќи тоа дете кое што омаловажува нема родители да го советуваат.
ЉУПЧО
Мојата приказна започнува вака: бев отфрлен од другарите кои ме исмејуваа. Ми беше срам да излезам од дома.
ЛИДИЈА
Булингот не мора да значи дека е само од страна на врсниците.
МИЛА
Јас кога бев основно учев во училиште кое се наоѓаше во центарот на градот.
ТОНИ
Секој ден во училиште едно дете цело време ни пречи на часовите и ни прави да се чувствуваме лошо.
САЊА
Некои од моите другарки ме малтретираа заради мојот одличен успех.
СОФИЈА
Кога бев трето одделение со Мира бевме најдобри другарки но сега веќе не. Таа само ми се исмејува и пробува да ме избегне. Се прави дека е поголема од мена, секогаш лаже и пробува да ме скара со сите.
АНЕТА
Јас сум жртва на врсничко насилство. Тоа насилство се случува во моето училиште од страна на мојот соученик.
ЗОРАН
Родител сум на 14 годишно дете. Моето дете е жртва на физичко и психичко насилство повеќе години.
БРАНКА
Сакам да ја споделам со моите врсници мојата лична приказна како жртва на врсничко насилство кое го трпев неколку години.
ТОШЕ
Секој ден доживувам секакво насилство од моите врсници. Во групата на инстаграм од нашиот клас ме навррдуваат со погрдни зборови секогаш кога ќе прашам нешто.
ДАЛИБОР
Имам 14 години и сум ученик во основно училиште. Често пелтечам и моите врсници ме исмеваат.
АЊА
Моментално имам 19 год. Мојата приказна е од пред неколку години кога уште бев во основно. Бев мета на децата кои не се дружеа со мене, но сепак си имав една-две другарки.
САШКА
Во моето училиште не се чуствувам безбедно,бидејќи има две девојчиња сестри ко секојдневно ме задеваат.
Теодора
Јас многу сакам да пеам и моите дома исто го сакаат тоа. Почнав да одам во ново училиште и ѝ се искажав на мојата учителка, но таа само ме исмеа и ми рече: „Не си посебна.”
Емилија
Отсекогаш сакав да пишувам песни, тоа беше нештото кое ми помагаше да ги изразам своите чувства.
Натали
Пред некое време се почувствував многу осамено, бидејки моите другарки ме избегнуваа.
Горазд
Сакам да се созададе некоја група од млади која што ќе ги поддржи тие што се чуствуваат осамени и бараат припадност за дружба. Јас така се чувствувам и сакам јас и таквите како мене заедно да се дружиме и заедно да си помогнеме.
Зоран
Имам син кој е петто одделение и é жртва на врсничко насилство. Постојано е навредуван и исмеван поради тоа што пелтечи, за тоа како трчал, дека не знаел да игра фудбал и сето тоа се случува од страна на три исти соученици со кои учи заедно уште од прво одделение.
Томислав
Еден ден кога возев ролерки отидов да се видам со мојот другар. Тој почна да ми се смее и ми кажа дека само девојчиња носеле ролерки.
Ирена
Моето дете се вика Петар и има 13 години. Тој беше постојано малтретиран од своите соученици кои го исмејуваа и буткаа на часот по физичко, му го уништуваа училишниот прибор и слично.
Ангела
Во петто одделение се дружев со две девојчиња. Еден ден, додека одевме накај дома, без никаква причина, почнаа да ме тепаат и ме турнаа во контејнер.
Дејан
Еден ден додека јадев симит на голем одмор, група деца од страна ме сликаа со мобилен и ме навредуваа. Ме задеваа поради мојата килажа и фрлаа со камења накај мене.
Ивона
Многу деца во училиште ме задеваат, пцујат и повредуваат. Сѐ почна во прво одделение.
Мартина
Имав другарка на која ѝ кажав моја тајна. Таа ја раскажа тајната на другите деца во училиштето иако се заколна дека нема да го направи тоа. Сите деца почнаа да ми се смеат и да ме нарекуваат со погрдни зборови.
Фросина
Јас сум жртва на булинг. Секој ден сите во училиште ми се потсмеваат бидејќи носам очила и не можам да гледам без нив. Ме туркаат низ ходниците и ме навредуваат.
Марија
Додека бев во основно училиште, децата ми велеа бубалица со тон на исмејување, кога ќе станев да одговарам пред табла ме маваа со листови хартија, ми дофрлаа зајадливи коментари за мојот физички изглед зад грб и се смееа, болеше затоа што беше доволно гласно да ги слушнам.
Билјана
Јас сум ученичка во основно училиште и секој ден сум жртва на булинг.
Весна
Во средно училиште бев исмевана од страна на соученичка бидејќи не се облекував според последна мода.
Виолета
Мојата приказна е од моето детство. Мојот були сега е доктор, меѓутоа беше најагресивно дете кога растевме – особено кон девојчињата.
Зоран
Бев во училиште и сакав да одам до тоалет. Сретнав едно дете кое беше 9-то одделение, тој почна со погрдни зборови да ме напаѓа и да ме мава по глава.
Дејан
Здраво, веќе со години училиштето каде што учи моето дете, не презема мерки за прекин на булингот на деца кое го прави нивни соученик.
Мила
Често девојчињата од моето одделение ме задеваат дека не знам да играм одбојка. Секој час по физичко ми се смеаа што не можев да ја префрлам топката преку мрежа со прсти.
Тања
Јас сум ученичка во 9-то одделение во едно основно училиште во Скопје. Веќе 4 години сум жртва на врсничко насилство (булинг) од мои соученици. За жал, директорката и педагогот од училиштето не преземаат никакви апсолутни мерки да ме заштитат, туку напротив ги поддржуваат сторителите на ова дело. 🙁
Христина
Бев дете од 12 години кога нашите родители нѐ префрлија во друго училиште. Во тоа училиште претежно учеа деца на газди и врсниците ги гледаа од високо.
Софија
Во основно училиште често бев предмет на потсмев поради моите криви заби. Ме нарекуваа со лоши прекари (забите ми биле како на Роналдињо), ме прозиваа и ме навредуваа пред сите деца во одделението, пред останатите ученици од училиштето за време на големиот одмор.
Илија
Се префрлив во друго училиште кога бев трето одделение. Наместо да бидам прифатен, тие моменти беа најтешки за мене бидејќи наидов на исмевање.
Драган
Моето дете е исмејувано во училиште бидејќи не ја разбира наставничката што зборува (недостиг на фонд на зборови на македонски, зборува англиски), поради неговото OCD кое го доби како последица од пандемијата со корона вирусот.
Горан
Како тинејџер, средношколските денови што би требало да преставуваат најубави и незаборавни години на една личност, мене ми беа најтешки.
Никола
Се почна минатата година.
Бев навредуван, малтретиран секој божји ден.
Цеце
Јас сум моментално во основно училиште.
Уште сега уште сум жртва на булинг, како и неколку други од моето одделение. Во минатото тоа ми беше голем проблем. Но, сега убаво се справувам со тоа.
Гого
Во мојата зграда живееше едно семејство на поранешен директор на фабриката во која работеше мојот татко.
Директорот и жена му постојано доаѓаа кај нас на гости.
Моника
Ова не е моја приказна. Се работи за другарка на мојата ќерка.
Таа беше мило, воспитано, културно и интилегентно девојче.
Исто како и мене, таа отсекогаш беше крупна, полничка.
Гораст
Пред многу години, во моето основно училиште беше организиран проект за разрешување конфликти.
Со почетокот на наставата, започна и грозоморно изживување од повеќе соученици.
Сеуште не ми е јасно што правев, зашто им пречев и што ги тераше да се однесуваат така.
Теона
Бев основно одделение. Во мојот клас учеа деца на родители со повисоки функции, барем така кажуваа дека тие се ”богати”. Но ете јас не бев дете на такви родители. За физичкиот изглед никогаш не сакав да осудувам некој, но мене ме осудуваа. Природно имав поголеми усни. Во тоа бев различна од останатите. Децата од мојот клас ме исмејуваа за тоа. „Бегајте Теона ќе не изеде, бегајте ќе не лапне!“.
Нина
Јас сум девојка со хемипареза и учев во посебно училиште. Благодарение на тоа училиште сум тоа што сум, мојот карактер и особини, добра, паметна, позитивна итн. Бев одлична ученичка мирна и повлечена и за да не тагувам по родителите, утехата ја најдов во музиката и спортот. Истовремено учествував во сите можни натпревари, но желбата да бидам покрај моите родители беше се посилна и поодлучна иако моето место не беше покрај нив бидејќи стално имаше тепање, полиции и милион стресови. Мајка ми со психички проблеми, татко ми во години.
Тамара
Кога учев во основно училиште, бев доста амбициозен ученик и си ги исполнував обврските секогаш на време. Многу учев бидејќи си имав некоја цел и сакав да ја исполнам. Поради тоа, честопати бев именувана како бубалица, тегли (бидејќи носев очила), ме исмеваа бидејќи знаеја дека ако се повеќе ќе ме “скршат ”со исмевањето бидејќи бев срамежлива и доста чувствителна. Генерално навреди доаѓаа од сите страни, но една група особено се истакна во булингот.
Лина
Ех да би било сé лесно не би постоеле зборовите како тешко, разочарувачки, безнадежно, без воља… Е тоа баш мене ми се случува. Сé ми е како да сум стигнала до некој крај без цел, се чувствувам празно изнемоштено, мислејќи дека за сé сум винона јас и ако не знам дали сум или можеби луѓето со кои сум била биле токсични немам одговор. Можеби и никогаш нема да го добијам додека сама се обвинувам за сé…
Елизабета
Мојата внука има седум години и оди во второ одделение. Во нејзиниот клас има еден ученик Лео кој не трпи неправда и бурно реагира доколку го закачаат. Учителките го декларираат како немирно дете а учениците го имаат сфатено тоа дека детето реагира на провокации и секојдневно го задеваат.
Теона
Кога учев во основно училиште, бев доста амбициозен ученик и си ги исполнував обврските секогаш на време. Многу учев бидејќи си имав некоја цел и сакав да ја исполнам. Поради тоа, чиниш е нешто лошо, честопати бев имејувана како бубалица, тегли (бидејќи носев очила), ме исмеваа бидејќи знаеја дека ако се повеќе ќе ме “скршат ”со исмевањето бидејќи бев срамежлива и доста чувствителна.
Стејси
Како стручно лице кое што веќе неколку години се занимава со специјална едукација, а воедно и семејна системска психотерапија ќе ви раскажам приказна од деновите кога јас студирав.
Дарко
Кога започна сé бев 4-то одделение. Прво почнаа со манипулации, лажење дека нештото сторено беше од мене, а не од нив.
Филип
Беше декември 2019 година пред пандемијата од корона вирусот. Бев осмо одделение и во мојот клас имаше мој соученик од кој што во повеќето наврати бев исмејуван заради моето однесување, а исто така од негова страна бев и омаловажуван. Дури на крај надвор од училиштето бев и физички нападнат (удирање по раце, нозе и во пределот на стомакот) исто поради моето однесување, а и до ден денес незнам во што беше проблемот, бидејќи не ми кажа.
Давид
Дете малтретирано цел живот.
Ненад
Во основно школо скоро цел клас ми се измеваше бидејки имав проблем со говорот. Ме нарекуваа ментално заостанат, сите се смееа, ме удираа и девојчињата намерно ме провоцираа да им кренам глас или да ги удрам со цел – машките да ме удираат и тоа траеше со години.
Вики
Јас сум родител на 17-годишна ќерка која е малтретирана од своите врсници поттикнати од нивна соученичка. Истото девојче, на мојата ќерка и земаше сè и сешто, од пари до гардероба и останати работи.
Олга
Целата приказна со проблемот на мојата ќерка започна уште во прво одделение. Како самохран родител, не можам секогаш да ѝ купувам нови алишта. Мојата пријателка која има поголеми дечиња, ни ја даваше нивната сочувана гардероба.
Тина
Во основно училиште учев со девојче, чии родители работеа во странство. Тоа девојче секогаш беше убаво облечено и се гледаше дека има пари. За разлика од неа, јас бев дете од сиромашно семејство – бевме повеќе деца а само татко ми работеше.
Лејла
Мојата приказна е малце подолга. Имав проблеми со говорот. Поточно како мала многу дткав. Благодарение на свесноста на моите родители, навремено сум носена на терапевт (логопед) и сега дткам само пред нова група на луѓе или пред јавен настан додека не стекнам комфорт зона.
Бјанка
Секогаш сум сакала да се дружам. Секогаш сум сакала да бидам опкружена со деца, со свои врсници. Сум сакала да делам играчки, храна, боенки, цртежи. Сè, само да не бидам сама. Во маало сме се дружеле. Едвај чекав да почнам во школо, за да запознаам нови другарчиња.
Деа
Непосредно пред да почнам во средно училиште моето друштво се „распадна“. Како дете кое беше живо и самоуверено, многу трагично го доживеав тоа и самодовербата ми се разниша. Првите форми на врсничко насилство ги доживеав токму на летување таа година кога за прв пат решив да одам на одмор сама со организирана младинска група.
Игор
Веќе подолго време трпам врсничко насилство. Постојано ме навредуваат одредени ученици, ме удираат, ми ги фрлаат книгите, кажуваат навредливи зборови .
Олга
Затоа што сакав да удоволам на сите, често во основно бев мета на силни врсничко вербално насилство.
Иван
Без разлика на тоа што веќе поминаа повеќе години од моето матурирање некои зборови никогаш не се забораваат. Децата треба да се дружат и да си помагаат знаејќи ги слабостите на другите и да се трудат да бидат подобри еден кон друг.
Емилија
Секоја чест за вашата кампања 👏
Мојата ќерка го почувствува врсничкото насилство уште кога одеше во градинка. Бидејќи е дете со еден родител, добиваше прашања од ,,врсничка” – како може сите да имат татко а ти не, како тебе мајка ти те родила, мајка ти е глупава, немате пари и слично. Ги наведуваше другарчињата да не се дружат со ќерка ми, а на моменти имаше и физичко насилство. Целиот тој проблем траеше неколку месеци, сѐ додека не реагирав кај директорката и имаше подобрување.
P.S. Се надевам дека после оваа кампања ке има се помалку вакви приказни.
Со почит❤️
Александра
Јас сум девојче кое учи во основно училиште. Во изминатиот период јас сум таргет на булинг од повеќето деца од моето опкружување. Повозрасните ми рекоа дека тоа е поради фактот што сум поинаква. Јас, за разлика од другите, сум многу религиозна, многу ја сакам црната и кафената боја, имам проблеми со срцето, а и исто така многу од наставниците и родилите на другите деца ми рекоа дека сум поразлична од другите затоа што размислувам повозрасно од повеќето што се на моја возраст.
Стефанија
Во основно цели четири години трпев вербално насилство во облик на исмевање, не само од ученици од мојот клас, туку на ниво на генерација. Бев одличен ученик и константно бев мета на исмевање и омаловажување, како да се трудеа да докажат дека не сум така добра во сѐ. Се однесуваа со мене како да немам право на ништо, како јас едноставно да не знам ништо друго освен да учам. Развив социјална анксиозност поради целата ситуација, не сакав да одам на училиште, секогаш пред училиште ме болеше стомакот, ми се гадеше и повраќав.
Теа
Срна
Уште од мала бев исмевана поради мојот родител, кој има здраствени проблеми, од моите врсници во училиштето. Наставничката исто така ме гледаше на друг начин за разика од другите деца и се чувствуваше дека не ме сака, иако бев добра ученичка.
Емил
Маре
Еве, цело време збори како нема да јаде за да ослабе!
Виктор
Симона
Петар
Филип
Сара
Емилија
Марко
Викторија
Елена
Доколку имаш своја приказна која сакаш да ја раскажеш кликни ТУКА.