Типови на врсничко насилство
Вербално/психичко насилство
Упатување и изјавување на непристојни коментари во форма на подбивање, навредување, потсмевање, закани, забрани и слично.
Физичко насилство
Нанесување физички повреди, туркање, удирање, како и уништување или земање на лични предмети.
Социјално насилство
Постапки со цел да се наруши нечиј углед и релации со останатите врсници: игнорирање, исклучување од група, пласирање на дезинформации и гласини, навредување и омаловажување пред останатите врсници.
Сајбер насилство
Најнов вид на насилство кој се одвива во интернет просторот, најчесто по пат на неубави коментари и заканувачки пораки на социјалните мрежи. Во изминатиот период психичкото и социјалното насилство најчесто се одвиваат преку овој канал.